Дебата на Радио МОФ: Отчетноста и транспарентноста не ни се јаки страни

Дебата на Радио МОФ: Отчетноста и транспарентноста не ни се јаки страни„Отчетноста и транспарентноста не ни се јаки страниˮ е темата на шестата радио – дебата на Здружението Диверзити Медиа во рамките на проектот „Дебатирањето менуваˮ.

Дебатата ќе се емитува организира утре ( вторник, 15 октомври), во живо, од 13 до 14 часот на Радио МОФ.

На темата ќе дебатираат Висар Адеми, економски аналитичар и Весна Шкортова, извршен директор на Фондацијата Фокус.

Ова е уште една од циклусот 12 радио – дебати на различни теми кои што се емитуваат секој вторник во истиот термин на  Радио МОФ, во периодот од септември до декември годинава.

Радио МОФ и ИДЕА Југоисточна Европа се партнери – поддржувачи на Диверзити Медиа во овој проект, финансиран од Националниот Фонд за Демократија од Вашингтон (National Endowment for Democracy (NED)).

Диверзити Медиа ќе објавува и анализи од секоја радио – дебата. Тие ќе може да ги следите секој четврток на http://diversitymedia.mk/

Повеќе за проектот може да прочитате ОВДЕ.