Дебата „Криза на демократија и демократија во кризата“

По повод одбележувањето на 9 Мај, Денот на Европа, Европското движење во Република Македонија организира серија од кафе – де­ба­ти поврзани со актуелни теми од случувањата во македонското опште­ство.

Првата дебата е најавена на 14 април, од 11 до 12:30 часот, во кафе галерија Тренд (Скопје – Плоштад).

Кафе – дебатата на тема „Криза на демократија и демократија во кризата“  има цел да поттикне дебата за политичките кризи со кои се соочува нашето општество, но и многу други општества, денес и во текот на историјата. Секој од говорниците со оглед на своето теориско знаење и рефлексиите кои доаѓаат од страна на општествената реалност ќе ги изразат своите видувања за политичката руптура во македонското општество.

Се очекува преку оваа слободна размена на идеи во опуштена атмосфера да се постават прашања какви што се: Дали кризите  би можеле да ја генерираат  демократијата и како; Кој тип на демократија е карактеристичен за Р. Македонија? Во која насока треба да се гради визијата за натамошен развој на демократијата?

Говорници се проф.есорите Гордана Силјановска и Љупчо Цуцуловски од УКИМ, Нано Ружин од ФОН, Теута Арифи и претставник на Делегација на ЕУ во РМ. Модератор е професорката Милева Ѓуровска.

Овој вид дебати, според организаторите, даваат можност на спонтан начин (без напишани реферати) и во поинаков амбиент да се изразат определени искуства, да се искажат ставови, да се даде аргуметирана критика, но и да се креира нов пристап кој нуди решение.