[Дебата] Екстерното тестирање (не) го подобрува квалитетот на образованието

Заврши бојкотот на средношколците, но за неколку дена повторно започнува екстерното тестирање во училиштата. Наставниците во недела најавуваат протест против сите лоши реформи во образованието, вклучувајќи го и екстерното. Продолжуваат „реформите“, но продолжува и отпорот кон нив.

Го подобрува ли екстерното тестирање квалитетот на образованието? Која е целта на овој вид тестови? Што после бојкотот на средношколците? Зошто протестираат наставниците? Ова се само дел од прашањата за кои ќе разговараме на денешната дебата на Радио МОФ, посветена на процесот на екстерно оценување во училиштата.

Гости во студиото се: професорот Владо Димовски од Наставнички пленум, Љупчо Миленковски од Средношколски пленум и Марија Мирчевска од Младински образовен форум. Се чека одговор за присуство на претставник од Министерството за образование и наука.

Дебатата во Радио МОФ почнува во 13 часот, а од неа ќе се врши директен видео пренос.