Dancers United ќе настапат на Светското првенство за модерни танци во Австрија

По три години активно тренирање, танцовата група составена од членови со Даунов синдром Dancers United од Скопје, годинава ќе учествува на Светското првенство за модерни танци во Грац, Австрија, што се одржува од 19 до 23 октомври.

„Ви праќаме топол поздрав од Грац! Ние пристигнавме, ги завршуваме и последните подготовки и утре настапуваме претставувајќи го клубот и Македонија! Стискајте палци“, се вели во пораката од нив.

Тие успеаа да пристигнат во Австрија откако во септември од јавноста побараа парична помош, за да можат да ги покријат трошоците за првенството.

Светското првенство за модерни танци годинава може да се следи и преку видео во живо: