Црква стара сто години претворена во скејт парк

Шпанскиот графити уметник Okuda San Miguel заедно со млади луѓе претворија црква стара сто години во скејт парк. Поранешниот црковен објект со историска вредност, прерасна во културно катче со светли и разиграни бои.

Оригинално дизајниранa во 1912 година, црквата со години била напуштена и во распаѓање поради негрижа. Но, со помош од онлајн финансирање и помош оф фирми, црквата била заштитена и трансформирана во јавен скејт-парк наречен „Kaos Temple“.