ЦИВИЛ – Центар за слобода објави формулар за пријавување на политички притисок, мобинг или дискриминација.
„Формуларот има за цел откривање и превенција на политичките притисоци, дискриминацијата и мобингот со кој се соочуваат граѓанките и граѓаните“, соопштуваат од организацијата.
Од таму нагласуваат дека податоците од формуларот се чуваат во најстрога тајност.
„Од моментот на пополнување на формуларот, претставник на ЦИВИЛ ги контактира граѓан(к)ите во рок од три дена. ЦИВИЛ ги повикува граѓаните да се јават и да закажат средба со претставник на организацијата на телефонскиот број 02/ 520 91 76“, велат од ЦИВИЛ.