Четврто издание на „Креативни точки“ во „Менада“

Во четврток, 4 октомври 2018, со почеток во 20.00 часот, во „Менада“ во Скопје ќе се одржи четвртото издание на литературно-музичката манифестација „Креативни точки 2018“. Предвиден е настап на млади, но веќе афирмирани автори, прозаисти и поети. Организатор е Центарот за култура и културолошки студии, со учество на Женскиот хор „Менада“ од Тетово.

Манифестацијата нуди можност, преку заедничка креативна работа творците да ги споделат искуствата и да предложат дела со високи уметнички вредности, кои едновремено засегаат во секојдневното живеење на младата генерација.

На манифестацијата ќе биде промовиран и Зборникот „Креативни точки“, со дела од учесниците на претходните три манифестации.

Промотори се Ермис Лафазановски и Александар Прокопиев, а издавач е Книгоиздателствоот „МИ-АН“ од Скопје.

Во Зборникот се застапени: Јован Павловски, Оливера Ќорвезироска, Петар Андоновски, Митко Апостолов, Mитко Гогов, Катерина Гогова, Ана Голејшка, Живко Грозданоски, Ѓоко Здравески, Јован Илиевски, Томислав Каранфиловски, Ѓорѓи Крстевски, Владимир Лукаш, Калина Малеска, Марта Маркоска, Фросина Пармаковска, Елена Пренџова, Перо Сарџоски, Биљана Стојановска, Давор Стојановски, Небојша Стојаноски, Снежана Стојчевска.

Во предговорот на Зборникот, Лорета Георгиевска – Јаковлева вели: „Концептот на ‚Креативни точки‘ беше инспириран од една, би рекла, несекојдневна состојба. Станува збор за млади писатели, најголемиот дел родени во осумдесетите или малку пред и по нив, кои не само што професионално соработуваат, што не е ни така редок случај, туку нивните контакти се протегаат и во сферата на приватното.