Четврта студентска филолошка конференција „Како си ми?“

На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на 14 април (сабота) ќе се одржува четвртата студентска филолошка конференција „Како си ми?“. Настанот организиран од студентите филолози започнува во 10 часот во салата за седници на „Блаже Конески“.

Идејата е со оваа конференција да се поттикне интересот кај студентите за истражувачка работа, јавна презентација и дискусија на темите што ги интересираат за време на студиите.

„Со овој настан на студентите им се дава можност да зборуваат за своите академски интереси пред колеги, професори и заинтересирани љубители на филологијата. Иницијативата која како идеја се роди во февруари 2015 година веќе прерасна во традиционален настан на кој учествуваат студенти не само од Филолошкиот, туку и од други факултети од државата и од странство. По излагањата секогаш се развиваат интересни дискусии на актуелни теми од сите области на филологијата“, велат од Филолошки факултет.

Инаку, на конференцијата имаат излагања студенти на додипломски студии или дипломирани во последните 12 месеци пред настанот, на кој било факултет и универзитет во Македонија.

„Формат: поединечни или групни излагања од 10 минути по кои ќе следуваат панел-дискусии. Теми: од филологијата и лингвистиката, книжевноста, културата, методиката, преведувањето или толкувањето; темите може да бидат и споредбени, а работен јазик на конференцијата е македонски“, стои во најавата за конференцијата.

Повеќе информации на блогов.