Четири филма денеска на програмата на Скопскиот филмски фестивал

Четири филмски остварувања се на програмата на Скопскиот филмски фестивал вечерва, во киното „Милениум“. Од 16:00 часот, публиката ќе може да го погледне „Изгледот на тишината“ (The Look of Silence) на истакнатиот американски режисер кој живее во Данска, Joshua Oppenheimer. Станува збор за филм во кој се зборува за масакрите од воениот пуч во Индонезија, во кој загинале повеќе од еден милион луѓе.

Три филма денеска на програмата на Скопскиот филмски фестивал

 

Од 18:00 часот, на програмата е наградуваниот филм „Тимбукту“, во кој темата е граѓанската војна во Мали. Во ова остварување се зборува за животот под исламистичко владеење во државата во 2012 година, а режисерот Abderrahmane Sissako поставува врвна драма со акцент на обичните луѓе. Филмот се натпреваруваше за „Златна палма“ на минатогодишниот фестивал во Кан, а беше и номиниран за „Оскар“ за најдобар филм од странско говорно подрачје.

Три филма денеска на програмата на Скопскиот филмски фестивал

Последен филм на вечерашната програма на Скопскиот филмски фестивал е „Диви приказни“, шпанско-аргентинска копродукција, филм кој ќе биде прикажан од 20:00 часот во киното „Милениум“. Ова е спој на шест приказни поврзани со одмаздата, сместени во мрачното срце на Аргентина, проткаени со црн хумор. Режисер на овој филм е Damián Szifron.

Од 22:00 часот, во рамките на програмата „Повеќе од хорор“ ќе биде прикажан новозеландскиот филм „Што правиме во сенките“ (What We Do in the Shadows), во режија на Taika Waititi.