Центар денеска одлучува за референдумот за ГТЦ, граѓаните ќе се соберат пред општината

Општина Центар, на седницата закажана за денеска во 13:00 часот, ќе одлучува за граѓанската иницијатива за распишување референдум за изгледот на Градскиот трговски центар (ГТЦ).

По тој повод, граѓанското движење „Го сакам ГТЦ“ ги повикува граѓаните да дојдат пред просториите на општината во 12:30 часот, за да дадат поддршка за оваа идеја.

„Ве повикуваме на 30 март (понеделник) во 12:30 часот да ни се приклучите пред просториите на Општина Центар заедно да ги охрабриме советниците да го дадат својот глас за распишување на референдум за зачувување на постојниот изглед на Градскиот Трговски Центар. Ајде да покажеме дека сме против ова насилство врз ГТЦ!“, велат од граѓанската иницијатива.