Целосно затемнување на Сонцето се очекува ноќта на 8 март, ќе има и пренос

Целосно затемнување на Сонцето ќе се појави ноќта на осми март, во делови на Југоисточна Азија и Тихиот Океан. Овој феномен најдобро ќе може да се погледне од Индонезија во среда (9 март), особено во централните делови на Бурнео и Суматра. Поголемиот дел од затемнувањето на Сонцето ќе биде над Тихиот Океан.

Целосно затемнување на Сонцето се случува кога Месечината ќе го попречи патот на Сонцето, а нејзината сенка ќе ја покрие земјината површина. Ова е првото од двете затемнувања оваа година, велат од НАСА. Другата соларна еклипса ќе се случи над Африка 1 септември.

Делумно затемнување на Сонцето, кога само делови од Сонцето ќе се покријат, ќе бидат видливи во многу други области, како во Кина, во Северна и Јужна Кореја, Јапонија, Филипини, Австралија и делови од Хаваи.

НАСА објави дека оваа година ќе има и две затемнувања на Месечината, кои се предвидени да се случат на 23 март и 16 септември, меѓутоа нема да бидат спектакуларни. Овие типови на лунарна еклипса може да поминат речиси незабележано.

За оние кои не можат да го проследат овој феномен во живо, ќе има пренос на веб-страницата Micronesia и на Solar Dynamics Laboratory, од каде ќе можат да се видат фотографии од затемнувањето додека се случува.