Целодневен настан и изложба „100 години од раѓањето на Борис Чипан“ во Охрид  

Во вилата Уранија во Охрид денес ќе се одржи настан по повод јубилејот „100 години од раѓањето на Борис Чипан“.

Освен беседи од видни професори и академици за творештвото на архитектот Борис Чипан, целодневниот настан ќе опфати и изложба, која ќе биде отворена од 19:30 часот.

Прославата на јубилејот е во организација на Архитектонскиот факултет при УКИМ, Општина Охрид, Музејот на град Скопје и Македонската академија на науките и уметностите.