Carl Craig и Kevin Saunderson на „LoveFest“ во Србија

Најголемиот младински фестивал во Србија „Lovefest“ ќе се одржи од 1 до 3 август во Врњачка Бања.

575594_10151657024562930_550134344_n

За време на трите фестивалски вечери на публиката ќе и се претстават низа познати изведувачи на електронската музичка сцена меѓу кои се легендите на детроитскиот клабинг Carl Craig и Kevin Saunderson, италијанскиот диџеј Butch, холандското дуо Detroit Swindle, како и Darius Syrossian и NiCe7. Домашна поддршка на главната бина се Јан Немечек, Никола Вемиќ и Вук Смиљаниќ. Првиот ден од  фестивалот е резервиран за промоција на српската и регионалната музичка сцена со настапи на ZAA, Stray Dog и Dubioza Kolektiv.

Целосниот распоред на настапи можете да го погледнете на официјалниот сајт.