„Burning man 2015“ се пренесува во живо на Youtube

Оваа година, организаторите на фестивалот „Burning man 2015“ решија во живо да се пренесува преку Youtube. Причината поради која го прават ова е бидејќи годинава имало голема наезда на инсекти, но организаторите решиле сепак да го одржат фестивалот.

Фестивалот се одржува од 30 август до 7 септември во пустината во Невада. Овој фестивал се разликува од обичните фестивали каде концертите и настапувачите се на прво место. Овде посетителите директно учествуваат во активностите.

На линкот подолу можете да го следете видео стримот, додека оние кои сакаат да ја слушаат само музиката, можат да го направат тоа на овој линк.