Бронза за Бојан Серафимов на Меѓународната математичка олимпијада

Македонскиот ученик Бојан Серафимов освои бронзен медал на Меѓународната математичка олимпијада со што се вброи меѓу најдобрите млади математичари во светот.

олимпијада математика

Земјава на Меѓународната математичка олимпијада која од  3-ти до 13-ти јули се одржа во Кејптаун, беше претставувана од тимот воден од професорката Весна Манова-Ераковиќ.

Покрај бронзниот медал за Бојан Серафимов, пофалници добија и Божидар Стеваноски, Јован Тасев и Стефан Николоски, објави Факултети.

Златниот медал на 55. Меѓународната математичка олимпијада му припадна на Мислав Балуновиќ, матурант во гимназијата „Матија Мешиќ“ во Славонски Брод.

Извор: Факултети