Британски тинејџер победи на најголемата трка со дронови во Дубаи

Британски тинејџер освои 250 000 долари откако победи на Светскиот натпревар за дронови во Дубаи. 15-годишниот Лук Банистер управуваше со неговото беспилотно летало до победа, користејќи камера поставена на предната страна за да го управува леталото низ осветлените обрачи. На натпреварот учествуваа 150 тимови.

Трката со дронови стана се повеќе популарна во последниве години, но World Drone Prix во Дубаи е еден од најголемите такви настани, со парична награда од милион долари. Повеќе од две илјади луѓе се појавиле за да ги гледаат тимовите кои се натпреваруваа за главната награда. Второто место му припадна на домашниот тим Dronetek.