Бразилците протестираат од своите тераси против претседателот поради слабото справување со коронавирусот

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изминативе денови се соочува со силни реакции во јавноста поради  неговата слаба ажурност во однос на кризата со коронавирусот. Граѓани неколку ноќи по ред во знак на протест од своите тераси извикуваат „Излези, Болсонаро!“.

Голем дел од бесот дојде по одлуката на Болсонаро да позира на фотографии и да се дружи со приврзаниците пред претседателската палата и покрај тоа што доби медицински совети за само-карантин заради неговата евентуална изложеност на вирусот за време на патувањето за средба со Доналд Трамп во САД.

Оттогаш, Болсонаро се најде под огромни критики од бразилските медиуми и политичките противници за, како што го нарекуваат, неговото невнимателно и несоодветно однесување.

Но, Болсонаро продолжи да ја минимизира пандемијата, иако повеќе од 20 члена на делегација, со кои  тој неодамна се врати од САД се заразија со Ковид-19.

Во претходно интервју, тој ги критикуваше напорите да се превенира вирусот преку воведување големи карантини или затворање и ги опиша гувернерите на државите, вклучувајќи ги на Рио де Женеиро и Сао Паоло, како „неодговорни“, велејќи дека тие создаваат „клима на терор“ со тоа што го прават.

Но, граѓани не се согласуваа со неговите изјави и изминативе денови имаше ноќни протести така што од своите тераси создаваа врева тропајќи по тенџериња и тави.

https://twitter.com/psr_militancia/status/1240462140961697792

Бразил бележи 2,201 случаи на коронавирус и 46 смртни случаи, при што министерот за здравство на земјата минатата недела рече дека јавниот здравствен систем најверојатно ќе пропадне до крајот на април.