Босна го направи првиот чекор кон регулација на истополовите бракови

И покрај големиот отпор за ЛГБТИ+ права во Босна и Херцеговина, граѓанските групации веруваат дека постои политичката волја за регулација на истополовите бракови кај една од двете политички страни во земјата.

Владата на босанската федерација назначила работна група за изготвување на легислатива која ќе ги регулира правата на истополовите парови, со што е направен првиот чекор кон адресирање на овој проблем, кој се соочувал со жестоко, понекогаш и насилно спротивставување од страна на босанските конзервативци.

ЛГБТИ+ искуството на Босна е мало; исполовите партнерства не биле легално признати од страната на двете партии, а учесниците на ЛГБТИ+ настаните се соочувале со злоставување и насилство во повеќе прилики. Во септември 2019 година, под силно обезбедување, во Сарајево се одржала првата Парада на гордоста, со што овој град станал последниот европски град во кој се одржал ваков настан.

Сеад Лисак, претседател на меѓусекторската работна група, истакнал дека работната група ќе ја одржи својата прва седница во април и ќе се состане со граѓанските организации кои работат на прашањата што ги засегаат истополовите парови во бошњачко-хрватската, полуавтономна федерација.

Иницијативата била на Министерството за внатрешни работи која Владата ја прифатила, односно Владата да ги регулира правата на истополовите парови како одговор на побарувањата на паровите кои се регистрирале во странство.

Извор: Balkan Insight