Боинг 747 претворен во најголемата уметничка инсталација досега на „Burning Man“

Во неделата започна најголемиот уметнички фестивал на светот, Burning Man, кој се одржува секоја година во пустината Невада.

Десетици илјади посетители се таму за една недела исполнета со уметност и алтернативни начини на живеење. Една од најважните инсталации годинава е авион Боинг 747, досега најголема поставка на фестивалот.

Именувана „The 747 Project“, ќе биде комплетно завршена во 2017 година, а е создадена од непрофитната организација „Big Imagination“. Посетителите на фестивалот можат да влезат внатре на „патување низ животот кон иднината“.