Блек метал музичар ненамерно стана советник во градското Собрание

Норвешка хеви метал „легенда“ е принудена да служи во локалниот совет во наредните две години, откако по кампања, чија цел беше да се пошегува, на крај беше сфатена сериозно и е избран вистински.

„Мојата кампања беше слика од мене како ја држам мојата мачка и пишуваше ‘Ве молам не гласајте за мене“, рече тој.

Гилв „Фенриц“ Нагел, подобро познат како член на бендот „Дарктрон“ се согласи да се кандидира на изборите, иако никогаш не очекувал дека ќе биде избран.

Се чини дека мачката, чие име во буквален превод значи путер од кикирики, беше доволна причина за тој да ги придобие гласовите на граѓаните, па сега Нагел треба да ја извршува улогата како советник во следните две години, пред тој да може да се повлече.

„Не бев премногу задоволен, здодевно е. Нема ниту многу пари во тоа, да ви кажам“, рече новиот советник.

„Всушност, јас треба да се појавувам кога оние луѓе кои треба да присуствуваат на големи состаноци се болни или слично. Тогаш ќе морам да седам и да се чувствувам глупаво помеѓу тие луѓе“.