„Bike and running“ на Попова Шапка, по петти пат

Петтото издание на манифестацијата „Bike and running“ годинава ќе се одржи од 28 до 30 август на Попова Шапка.

На рекреативниот настан од натпреварувачки меѓународен карактер ќе се организира велосипедска трка на која ќе учествуваат лиценцирани и нелиценцирани велосипедисти од земјава и странство. МТБ трката за Ранг листа на Македонија ќе се одржи на 29 август.

Велосипедските трки се состојат од XC трка- Cross country race (првиот ден) и XC маратон (вториот ден), како и трка за атлетичари – планинско трчање.

На 30-ти ќе има две трки во планинско трчање и ќе се вози рекреативна тура со натпреварувачки карактер околу Попова Шапка – Меѓу станица Церипашина и возење до Лешница и водопадите, па назад до Попова Шапка.