„Библиобус“ патува по скопските приградски населби и ги поттикнува децата да читаат книги

Подвижната библиотека – Библиобус на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ патува низ повеќе скопски приградски населби и ги посетува учениците од 19 училишта.

Од неодамна Град Скопје набави ново адаптирано возило опремено со книги кое ќе патува низ населбите Марино, Мралино, Бунарџик, Текија, Мршевци, Кучевиште, Сопиште, Сушица, Оризари, Припор, Долно Коњари, Добри Дол, Побожје, ДолноСоње, Орман, Чифлик, Лисиче, Трубарево и во Волково.

Библиобус

Библиотекарот Илија тргна со „Библиобусот“ од Градска Библиотека "Браќа Миладиновци" Скопје кон селото Орман. Опремена со детска литература, библиотеката на „тркала“ ги посети учениците од ООУ „Јоаким Крчоски“. Таа двапати во месецот посетува 19 училишта во околината на Скопје. „Библиобусот“ за првпат започнал да вози кон крајот на 70-тите, со цел да им помогне на учениците кои сакаат да читаат книги, но немаат библиотека во нивното село, или пак е многу оддалечена. Радио МОФ провери како е да се биде библиотекар на Подвижната библиотека.

Posted by Радио МОФ on Monday, 25 March 2019

Подвижната библиотека работи пет дена во неделата, од септември до јуни, и ги посетува училиштата според претходно утврден план. Со библиобусот се овозможува полесен пристап и популаризација на книгата и до оние места кои се оддалечени од централните библиотеки, а учениците се ослободени од наплата за позајмените книги.