Бесплатни работилници за англиски јазик и цртање графички романи и стрипови

Американското катче во Скопје, почнувајќи од ноември, организира работилници на кои учесниците ќе можат да го подобрат познавањето на англискиот јазик или вештината за пишување, или да ја усовршат својата техника за цртање на стрипови.

Како што информираат од Американското катче, овие работилниците ќе се случуваат секоја сабота од ноември до јуни, а на учесниците ќе им биде овозможена пријатна атмосфера за учење.

Сите учесници, покрај тоа што ќе можат да се стекнат со нови вештини и да ги усовршат старите, ќе имаат можност и да ја запознаат Лиз Принц, позната американска авторка на графички романи.

Повикот е отворен до 27-ми септември, а можат да учествуваат сите средношколци на возраст од 14 до 17 години.

За да аплицирате, потребно е:

– кратко мотивационо писмо на англиски јазик,

– да се нацрта слика или стрип,  или да се напише анегдота/есеј на англиски јазик, на една од следните теми: „5 работи кои ми се допаѓаат кај мене“ или „Каква моќ би имале ако сте суперхерој?“.

Мотивационото писмо и цртежот/есејот треба да се испратат на graphicnovels101@gmail.com, заедно со вашите податоци (име, презиме, возраст, град и телефонски број).

Работилниците се бесплатни, а бројот на учесници е ограничен.