Бесплатни обуки за социјално претприемништво

Фондацијата Претприемачки сервис за млади (ПСМ) организира бесплатни обуки за социјално претприемништво. Обуките се содржат од 8 модули, 60 часа (распоредени во 9 дена), а започнуваат на 29 март.

Бесплатни обуки за социјално претприемништво

Програмата се состои од 8 модули:

– Модул 1: Подготви се да го промениш светот
– Модул 2: Градење на подобар свет
– Модул 3: Создавање социјална промена
– Модул 4: Поврзување со стејкхолдери
– Модул 5: Мерење на квалитет и влијание
– Модул 6: Вклучување на луѓе и лидерство
– Модул 7: Достигнување финансиска одржливост
– Модул 8: Планирање на социјално претпријатие

Програмата е концепирана да се базира на претходните искуства и знаење на учесниците и охрабрува споделување помеѓу учесниците. Програмата има за цел да стимулира промена, раст и развој, како и да го поттикне претприемништвото кај младите луѓе. Оваа програма ќе им помогне на младите луѓе да преземат иницијативи и активно да делуваат, како и ќе создаде простор за рефлекција кај учесниците.

Заинтересираните можат да се пријават преку пополнување на кратка апликација или со име, презиме и контакт телефон на trainings@yes.org.mk или на 3103 660.

Социјалните претпријатија се алатка за креирање работни места, а социјално претпријатие е она кое прави одредена економска актвност за да постигне основна социјална цел. Станува збор за концепт кој интегрира иновативни бизнис практики и придонесува за општествен просперитет. Програмата е дизајнирана да гради претприемачки вештини и да ги претвори постоечките вештини во вештини потребни за работа на етички и општествени прашања.

Програмата е наменета за идни и постоечки социјални претприемачи; студенти, лица или тимови се интересираат за социјално претприемништво; млади невработени лица; професори или обучувачи.

Обуката е соодветна за сите оние кои имаат основно познавање за социјално претприемништво како и за оние кои немаат познавања од тематиката. Доколку немате познавање за социјално претприемништво, оваа програма нуди запознавање со основните принципи кои се потребни како и дополнителни референци за проширување на знаењата, објави pretpriemac.mk.