Бесплатна работилница по градинарство во „Амбрела“

Денеска од 11 до 13 часот во ресторанот „Амбрела“ ќе се одржи работилница по градинарство во рамки на проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“.

Проектот го спроведува Институтот за медиуми и различности од Лондон, во партнерство со Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија, со финансиска поддршка од Европската Унија.

Ресторан „Амбрела“ ќе биде домаќин на шест бесплатни работилници од отворен тип.