Бесплатен пазар во Социјален центар „Дуња“

Во недела, од 13 до 17 часот, во Социјалниот центар „Дуња“ ќе се одржи беспатен пазар, настан во кој посетителите разменуваат предмети помеѓу себе.

Организаторите посочуваат дека секој може да донесе употребливи работи кои не му се потребни, како алишта, прибор и слични предмети, и да земе што сака бесплатно.

Се што ќе биде донесено на настанот, а нема да се земе до крајот на бесплатната размена, уште истиот ден организаторите ќе го донираат на хуманитарната организација „Вистински Дела На Љубезност“ во склоп на нивниот настан Октомвриски собирни пунктови, за помош на бездомниците во зимскиот период.