Бенкси објави ново дело во домашна работна атмосфера

Уметникот објавил пет фотографии на неговиот „Инстаграм“ профил велејќи дека „жена му мрази кога тој работи од дома“.

Бенкси го објавил своето најново уметничко дело во самоизолација, на кое неколку стаорци прават неред во неговата бања.

Анонимниот уметник, кој вообичаено црта на улиците, објавил серијал од пет фотографии на неговиот „Инстаграм“ профил.

На фотографиите се прикажани стаорци, елементи кои често се појавувале во неговите поранешни уметнички дела, чукајќи на огледалото, висејќи на жици, нишајќи се на држачите за пешкири, но и газејќи врз пастата за заби.
Еден од стаорците дури одржувал рамнотежа на тоалетна хартија која е одвиткана насекаде по подот.

Ова е најновото уметничко дело на Бенкси, по неговиот графит во Бристол кој подоцна бил вандализиран. На фотографија која била споделувана на социјалните мрежи се гледало како локалци чкртале врз графитот на кој било претставено девојче кое пука со пиштол од кој излегуваат цвеќиња.

Минатиот декември уметникот создаде своја верзија од раѓањето на Исус која била поставена во хотел во Витлеем.

„Лузната на Витлеем“ е сцена од раѓањето на Исус, на која биле представени Марија и Јозеф, но наместо ѕвезда, над лулката има огромна дупка од куршум која го пробива сивиот ѕид.

Ова дело било поставено во хотелот „Walled off“, кој бил изграден со помош на Бенкси, а гледа кон ѕидот на поделениот град. Отворен пред две години, хотелот е познат како хотел со „најлошиот поглед на светот“, а е исполнет со дела на Бенкси.

Извор: Guardian