Бендот „Педро Хоризонте“ објави спот за првата песна „Земја на еден жител“

„Ќе дојде ден ќе нема со кого да разговам. Ќе дојде ден кога сам со себе ќе се договорам. Ќе остане оваа земја сама на себе. И со популација од само еден“.

Вака почнува текстот за новата песна на триото „Педро Хоризонте“ – „Земја на еден жител“, чиј спот премиерно беше пуштен преку „Јутјуб“.

„Педро Хоризонте“ е нов бенд составен од искусни музичари кои повеќе од 25 години се активни на македонската музичка сцена.

Вокалот и басот е на Петар Младеновски – Пеце, на гитара е Гога Поп Георгиевски, а на тапани e Иво Митковски.