Бендкемп: Сите средства денеска одат кај артистите

Бендкепм, кој овозможува дигитално преслушување и купување на музика, денеска сите средства од купена музика ги насочува кон артисти, уметници, бендови и диџеи кои периодов останаа без своите свирки, концерти и журки.

Односно, сите оние што имаат своја музика на Бендкемп, а останаа без работа во време на коронавирусот кога се забранети секакви групни собири.

„За многу уметници, еден ден на зголемена продажба може да значи разлика помеѓу тоа да се плати кирија или не. Сепак, ова го сметаме само за почетна точка. Музичарите ќе продолжат да ги чувствуваат ефектите од изгубените приходи од турнеи за многу месеци што следат“, стои меѓудругото во соопштението Етан Дајмонд, еден од основачите на Бендкемп.

Оттука, Бендкемп денес (20 март) до полноќ сите приходи од музика ќе ги адресира на сметка на уметниците, а притоа, во периодот што следува, меѓу другото, ги поттикнува сите фанови да купуваат музика и разни брендирани производи директно од артистите.