Белгиска вечер во ЛГБТИ Центарот за поддршка

На 6 април (понеделник) во 20:00 часот во просториите на ЛГБТИ Центарот за поддршка ќе се одржи белгиска вечер. Како дел од програмата кратко ќе бидат презентирани и прилози за нивото на заштита и промоција на човековите права на ЛГБТИ луѓето во Белгија, а исто така и прилози за современата белгиска (суб)култура.

Настанот ќе опфати различни аспекти на белгиското општество: од традиционална храна и пијалоци до акцентирани политичките моменти и ситуации кои доведуваат до подобри позиции за ЛГБТ луѓето, како што е примерот со Парадата на гордоста во Брисел.

Белгиската вечер ќе биде искористена за приложување на парични средства за помош на Самедин Неби, самохран татко на три деца кој ја има заложено семејната куќа за обезбедување средства за операција на неговата веќе почината сопруга кога боледувала од рак. Собраните средства ќе бидат наменети за отплаќање на долгот за да го задржат семејниот дом.