Бела Барток спектакл вечерва во Јавна соба

По повод сеќавање на светскиот музички генијалец Бела Барток, вечерва (20.02) во 20.00 часот во Јавна соба, ќе се одржи концерт на унгарското Oláh Dezső трио.

Концертот е организиран во соработка со унгарската амбасада во Скопје и унгарскиот директорат за уметност и култура. Триото ќе изведе програмска интерпретација на композиции од Бела Барток во џез варијанта.

Бела Барток е еден од најпознатите композитори на етно музика кој творел во дваесетиот век, најпознат унгарски композитор и еден од основачите на етномузикологијата.

Неговата музика се каректеризира со драматично менување на звукот во музиката на дваесетиот век.

Влезот за сите посетители е слободен. Резервација на седишта и маси е задолжителна поради лимитиран број на седишта.

Повеќе за настанот на следниов линк.