„Бајата уметност, хибернација“ – изложба на дела работени со мувла од Горан Менков

„Бајата уметност, хибернација“ - изложба  на дела работени со мувла од Горан МенковВо Културно Информативен Центар – Скопје, во Изложбениот салон – Империјал вечерва (19 ноември) во 20 часот ќе се отвори изложбата „Бајата уметност, хибернација“ од Горан Менков.

На изложбата авторот ќе се претстави со 15 дела работени со мувла на платно, гипскартон и дрво, создадени во текот на оваа година.

Авторот Горан Менков е роден во 1987 година во Скопје, а Факултет за ликовни уметности, педагошки оддел, насока сликарство, завршил кај професорот Рубенс Корубин.

Ова е негова прва самостојна изложба, а учествувал на повеќе групни изложби и ликовни колонии во земјава и странство. Изложбата ќе биде отворена до 31 ноември 2013 год.