Град во Франција смисли решение да се избори со зјапањето во телефон – автомат кој печати кратки приказни за оние кои чекаат некого или се сами во локал.
Неколку машини се поставени низ Гренобл, и „дистрибуираат“ оригинални приказни за секој кој би сакал бесплатно да прочита нешто додека чека. Проектот го носи името „Култура, каде најмалку ја очекуваме: Дистрибутер на кратки приказни“ (La Culture, là où on ne l’attend pas: le Distributeur d’histoires courtes).
Секоја приказна е отпечатена на мал лист хартија сличен на фискална сметка. Луѓето можат да изберат дали сакаат приказна за која ќе им биде потребна една, три или пет минути да ја прочитаат.
На овој начин градот сака да ги натера жителите да ги остават своите мобилни телефони, и да почнат повторно да ја користат имагинацијата.
Извор: Engadget