Автентичната париска книжарница „Shakespeare and Company“ бара помош во време на пандемија

Локалот кој претставува културно обележје, од март забележал пад на продажбата за 80 отсто, па за време на нововоедениот полициски час побара порачки на книги од оние кои може да си го дозволат тоа.

Книжарницата која е глобално позната по својата автентичност им порачала на читателите дека поминува низ „тешки времиња“ бидејќи ковид-19 ги одвратува потенцијалните купувачи. Франција воведе нов полициски час со траење од четири недели, па во голем дел од земјата вклучувајќи го и Париз, има ограничено движење за време на ноќта.

„Како и многу други бизниси, и книжарницата забележа загуби, па бараме нови начини за поврзување“, гласел мејлот кој книжарницата го испратила до своите купувачи, нагласувајќи дека би била неизмерно благодарна доколку собие порачки од заинтересираните купувачи.

Најпрво отворена од Силвија Бич во 1919 година, оваа париска институција често била посетена од писатели како Френсис Скот Фицџералд, Ернест Хемингвеј, Т.С. Елиот и Џејмс Џојс во раниот 20 век. Денешната верзија на книжарницата била отворена од Џорџ Витман во 1951, па подоцна била сврталиште и на Џејмс Балдвин, Лоренс Дурел, Ален Гинсберг и Анаис Нин. Витман го замислувал концептот на продавницата како „социјалистичка утопија маскирана како книжарница“ – писателите биле поканувани на преноќување низ полиците во замена за неколкучасовна помошна работа, со што повеќе од 30,00 гости преспале во продавницата откако таа се отворила.

„Ние не ги затвораме нашите врати, но ги потрошиме сите заштеди. Забележавме пад од 80% од почетокот на првиот бран од коронавирусот. Сега ги потрошивме заштедите, иако ги користиме мерките од државата. Но сите трошоци не се покриени и доцниме на кирија“, истакнала за „Гардијан“, Силвија Витман, ќерката на поранешниот сопственик.

Книжарницата била затворена два месеци за време на првиот полициски час во Франција, време во кое не практикувала онлајн продажба како совет од Синдикатот на француските библиотеки. Овојпат, книжарницата ќе практикува онлајн продажба.

Извор: Guardian