Австралиска компанија почна да продава капсули со марихуана во Европа

Австралиската компанија за лекови од канабис „MMJ PhytoTech Limited“ почна со продажба на своите први капсули со марихуана. Како што јавува Businessinsider, капсулите се продаваат само во Европа и едно пакетче чини 89 евра.

Тие се регистрирани како “додаток во исханата“ во Германија. Нивната активна состојка, канабидиол (CBD), е направена од специјален медицински канабис и не содржат тетрахидроканабинол (THC), состојката која предизвикува психолошки ефект при пушење на марихуаната.

Истражувањата покажале дека CBD може да помогне на пациенти кои страдаат од рак, анксиозност и епилепсија, велат од компанијата што го произведува лекот.Оттаму додаваат и дека капсулите не содржат хербициди и пестициди.

 

Иако медицинската марихуана останува забранета во Австралија, на австралискиот производител на канабис „AusCann“ му беше дадена лиценца претходно оваа година, за да одгледува медицински канабис на островот Norfolk Island, како и да го извезува во Канада.