Авиони на сенф: решение што го намалува испуштањето на јаглерод за 68 отсто

По четири години поминати во инстражување, научниците пронајдоа ново авионско растително гориво. Горивото значително може да ја намали штетата кон околината предизвикана од летовите, пренесува „Еуроњуз“.

Горивото е направено од тип на растение, кое се вика „Брасика карината“, а се користи за производство на сенф. Ваквото растително растение може да го намали испуштањето на јаглерод диоксид за 68 отсто, покажува истражување направено на Универзитетот во Џорџија, САД.

Истражувањето, предводено од научникот Пунит Двиведи, покажува дека одржливото авионско гориво може да биде „промена на играта“ во замена на горивото.

„Горивото базирано на сенф може да го намали испуштањето на јаглерод диоксид во авионскиот сектор со што ќе се создадат економски можности“, изјавил Двиведи, професор на „Варнел“.

Авионската индустрија испушта 2.5 отсто од сите јаглеродни емисии во САД, а е одговорна за 3.5 отсто од глобалното затоплување.