Авиокомпаниите ќе мора да ги обештетат клиентите за откажаните летови поради пандемијата

Британското регулаторното тело за авијација на ги предупреди авиокомпаниите дека тие се законски обврзани да им ги вратат средствата на клиентите кои имаат откажани летови заради коронавирусот.

Според законот, авио-операторите мора да ги обештетат клиентите во рок од седум дена ако нивниот лет е откажан, објави БиБиСи.

Но, со оглед на тоа што во Велика Британија полетуваат само 10% од планираните авиони, авиокомпаниите се борат да се справат со сите барања за поврат на средства.

Регулаторот за цивилно воздухопловство (CAA) соопшти дека може да преземе акција против авиокомпаниите.

„Ние проверуваме како се справуваат авиокомпаниите со наплата за време на пандемијата на коронавирус и ќе разгледаме дали треба да се преземат какви било активности за да се обезбеди заштита на правата на потрошувачите“, се вели во изјавата на ова тело.

Минатиот месец, групата на потрошувачи „Which?“ соопшти дека примила илјадници поплаки од луѓе кои се борат да обезбедат поврат на средства за откажаното патување. Наместо тоа, авиокомпаниите им нудат ваучерите на клиентите кои ќе може да ги користат кога ќе се укинат мерките поради пандемијата.

Според сопствените проценки на патничката индустрија, се смета дека се работи за 7 милијарди фунти пари на патниците, велат од групата на потрошувачи.

Сега, регулаторното тело истапи. „Според законот, потрошувачите имаат право да добијат поврат за откажаните летови, и покрај предизвиците со кои се соочува индустријата“, се вели во извештајот.

„Ние ги поддржуваме авиокомпаниите кои им нудат на ваучерите на потрошувачите и алтернативите за ре-букирање, кога потрошувачот е задоволен. Но, важно е на потрошувачите да им се даде јасна опција да побараат поврат на пари без непотребни бариери“.

Регулаторот рече дека не очекува авиокомпаниите „систематски“ да го негираат првото на потрошувачите за обештетување.

„Очекуваме авиокомпаниите да обезбедат поврат на средства за откажаните летови што е можно поскоро, иако цениме дека постојат оперативни предизвици за авиокомпаниите во тековните околности“.

Сопственикот на Рајанер Мајкл О’Лир изјави дека ќе бидат потребни до шест месеци да им се вратат на  патниците средствата за откажаните летови заради пандемијата на коронавирус.

Тој за Би-Би-Си изјави дека авиокомпанијата се бори да процесира заостаната наплата од 25 милиони фунти,  со намален персонал.

Авиокомпаниите се принудени да го приземјат поголемиот дел од нивните флоти заради кризата. Како резултат на тоа, „Бритиш ервејс“, „Вирџин Атлантик“ и „Рајанар“ објавија илјадници кратења на работните места.

Од „Авиокомпаниите“ исто така соопштија дека плановите за воведување 14-дневен карантински период за секој што ќе пристигне во Велика Британија од која било земја, освен за Република Ирска и Франција, дополнително ќе му наштети на авио-бизнисот.