Аутистичен Велшанец се пензионира 28 години откако му рекле дека нема да издржи ниту една недела на работа

Шон Кондон, 54, кој иам аутизам, пред 28 години се вработил како хигиеничар во јавната превозна служба во Њупорт, Велс. Тогаш му кажале дека поради состојбата „нема да издржи ниту една недела“. Но, денес се пензионира после речиси три децении работа.

Кондон вели дека ќе му недостига работното место.

„Но, му се радувам на пензионирањето. Ќе ми недостасуваат луѓето со кои работев, но сакам да поминувам повеќе време со мајка ми“, вели тој.

Неговата мајка контактирала со локален весник во 1991 година, три години откако нејзиниот син почнал да работи, за да ја зголеми свесноста за тоа колку е важно луѓето со попреченост да работат и учат.

Таа изјавила дека се надева дека приказната, сега во 2017, кога нејзиниот син успешно се пензионира, ќе помогне да се намали стигнмата за луѓето со аутизам.

„Шон е како мене и вас. Единствената разлика е што има аутизам“, вели таа.

„Сите велеа дека нема да издржи ниту еден месец на ова работно место, не се пензионира после 28 години. Сепак, имаше среќа и да ја добие оваа работа, која други не можат“.

Таа вели дека се надева дека неговата приказна ќе помогне да се намалат предрасудите на луѓето.

„Работодавците треба да им дадат шанса на луѓето со попреченост, бидејќи како Шон, можат да покажат дека се способни“.

Колегите велат дека Кондон ќе им недостига. Додаваат дека се срамел кога почнал да работи, но после некое време многу се радувал што работи таму и е „еден од тие луѓе поголеми од самиот живот“.