[Аудио] Нов микс на Jeff Mills со кој им оддава почит на омилените композитори

Детроитската техно легенда Jeff Mills го објави својот нов микс насловен „Astronomia“, кој низ 25 минути ги претставува неговите омилени композитори, во позадина со оркестарски звуци. Миксот се состои од разни композиции, меѓу кои и соработката со пијанистот и композитор Rudy Makhail. Како прва композиција ја користи последната песна од филмот „2001: Одисеја во вселената” на Stanley Kubrick.