Археолози го открија најстариот театар во Лондон

Изградена во средината на 16-от век, градбата позната како „Црвениот лав“ (Red Lion) е алката која недостигала во историјата на англиската драма.

Во средновековието, повеќето театарски изведби се осврнувале кон Библијата, а во времето на Шекспир, голем број на претежно секуларни претстави се одржувале во театри изградени за таа намена.

Новото откритие ја пополнува празнината помеѓу овие две традиции.

„Црвениот лав“ била кафеана која во 1957 година дозволила на својот имот да се изгради првиот лондонски наменски театар.

Сепак, многу е веројатно дека претставите кои се изведувале во театарот се уште да имале библиска содржина, наместо тоа да бидат дела со секуларна природа.

Првата изведба во „Црвениот лав“ била спектакуларната (но одамна изгубената) драма „Приказната на Самсон“ – која се занимавала со акционите потези на библискиот супермен кој го жртвувал својот живот за да се спротистави на паганизмот.

Ваквото археолошко откритие е од огромна важност бидејќи токму „Црвениот лав“ создал можности за отворање на подоцнежните секуларни театри во кои се изведувале претстави од Шекспир и Марлоу.

Земјиштето на кој е пронајден историскиот локалитет, во 1500 година било фарма, а веќе 30 години подоцна, се претворила во неофицијална кафеана.

Но, кон средината на 1560 година, Џон Брејн, личност која потоа се поврзува со Шекспир, му предложил на сопствениот на фармата да се изгради првата лондонска театарска сцена.

Извор: Independent