Анонимусите му објавија „војна“ на ИСИС по нападот во Париз

Хакерската група Анонимуси му објави „војна“ на ИСИС по нападите во Париз во кои загинаа над 150 лица. Членовите на групата објавија ново видео, како продолжение на активностите против ИСИС, кои ги започнаа по нападите на весникот Шарли Ебдо, во јануари.

Во видео објавено веднаш по нападите, ликот сокриен зад маската на Гај Фокс тврди дека е од Анонимуси и ја предупредува ИСИС дека имаат намера да ги следа и да го употребат хакирањето за да ја ослабнат исламистичката група.

„Анонимуси од целиот свет ќе ве фатат“, вели гласот во видеото, во обраќањето на француски јазик. „Треба да знаете дека ќе ве пронајдеме и нема да ве пуштиме“.

„Ќе ја започнеме најголемата операција против вас. Очекувајте силни компјутерски напади. Војната е објавена. Бидете подготвени. Французите се посилни од вас и ќе излезат уште посилни по ова“, се вели во видеото.