Анкета: По паркот „Ибни Пајко“, која наредна површина треба да прерасне во парк?

Пред речиси една недела, Град Скопје се пофали со новиот градски парк „Ибни Пајко“. Се наоѓа кај некогашното Пајко Маало зад Националната филхармонија и се протега на речиси 11 илјади квадратни мерки. Паркот е замена за досегашниот неуреден и див паркинг.

Овој потег нè поттикна да направиме мини-анкета меѓу нашите Инстаграм следбеници и да ги прашаме – Која друга површина во Скопје треба да прерасне во парк?

Ова се најчестите одговори што ги добивме:

  • Паркингот спроти „Холидеј Ин“
  • Скопскиот плоштад
  • Просторот кај зградата на ВМРО-ДПМНЕ
  • Површината во близина на СУГС „Димитар Влахов“
  • Јужен булевар
  • Тревникот кај Олимписки базен
  • Слободните површини во населбата Расадник
  • Кај поранешната фабрика „Треска“

Кој е вашиот предлог за нов парк?