Анимација за историјата на Лондон сосема направена од хартија

National Geographic создаде анимација за богатата историја на Лондон, која опфаќа 40000 години. Започнува во ерата на мамутите, низ Викиншката инвазија и времето на Шекспир, периодот на Црната смрт и Индустриската револуција, за на крај да заврши со современата Велика Британија. Сите макети користени при анимацијата се направени од хартија.

Видеото било создадено за да им се даде почит на многуте артефакти откриени во почвата на Лондон во текот на изградбата на Crossrail transport service, пренесува Mashable.