Анализа: Се „ситни“ првото тромесечје од годинава – капиталните расходи реализирани со 12%

Ќе биде ли и 2021 та тешка инвестициска година? По ескалирање на здравстевната криза во нов, трети бран по ред и фактот дека следуваат локални избори – според економистите и во оваа економската година демнат ризците кои ќе го доведат во прашње палнираниот раст на БДП и реализацијата на каиталните инвестиции кои се стожер на развојниот дел на Буџетот, пишува „Порталб“.

Капитални расходи – некои со „нула“ реализација, други во „трета“ брзина…

Инвестициско заздравување проектираше Владата за годинава. Оптмистичкото сценарио предвидува рестарирање на приватните и на странските иневстиции.

„Реалниот раст на бруто-инвестициите е проектиран на 7,7% во 2021 година, а во периодот 2022-2025 година бруто-инвестициите се очекува да забележат просечен годишен раст од 8,5%, при што значајно влијание врз инвестициите е предвидено да имаат планираните инвестиции на јавниот сектор, зголемената поддршка за развој на приватниот сектор и зајакнување на конкурентноста, враќањето на довербата на деловните субјекти и поинтензивниот прилив на СДИ, поттикнат и од членството на земјата во НАТО алијансата и одлуката на Европската комисија за отпочнување преговори за членство во ЕУ “ – се наведува во Фискалната стратегија 2021 -2023 година.

Се ситни првото тромесечје од годинава – реализацијата на капиталните расходи од Буџетот е на ниво од 12%.

Министерствата, агенциите, регулаторните тела, комисиите, инспектратите, судството со различен степен на трошење на парите преку ставката “капитални расходи“ .

Така, од министерствата “нула“ реализација на капиталните расходи испорачале Министерството за правда, Министерството за надворешни работи и Министерството за информатичко општество и администрација.

Еве кои ресори колку пари под ставката “капитални расходи “ потрошиле во првите два месеци од годинава :

Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците потрошило речиси 1.900 евра што претставува 4,98% од планираната сума, Министерство за одбрана – 0,38% од планираните средства, Министерството за внатрешни работи потрошило 1.011.511 евра или 5,78% од планираните средства, Министерството за финансии потрошило 12,23% од планираната сума, Министерство за финансии – функции на државата потрошиле 19.791.965 евра или 35,57%, Министерството за економија – 3.075 евра или 0,08% од планираната сума, Министерството за животна средина 2,91%, Министерство за транспорт и врски – 5,53%, Министерство за земјоделство 1,1%, Министерство за труд и социјална политика 871.345 евра или 6,16% од планираната сума, Министерство за образование и наука 4,22%, Министерство за култура 90.479 евра или 9,59% од планираните средства, Министерство за здравство – 1.765.297 евра или 15,18%, и Министерство за локална самоуправа 26,32%.

Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос има потрошено најголем процент од капиталните расходи или 50,2%, но во апсолутен износ се работи за сума од 506 евра. Од друга страна, во првите три државни органи – институции што имаат потрошено најмногу пари по основ на капитални расходи се: Агенција за поддршка на земјоделството со 5.8 милиони евра, што претставува 36,34 отсто од планот, потоа Министерство за финансии – функции на државата – од чија сметка се трансферирале 19,7 милиони евра или 35,57% и Министерството за здравство потрошило 1,7 милиони евра или 15,18% од планираните средства.

Реализација капитални расходи

Министерство за внатрешни работи – функции на државата 35,57%

Министерство за локална самоуправа 26,32%

Министерство за здравство 15,18%

Министерство за финансии 12,23%

Министерство за култура 9,59%

Извор: МФ

Различна е состојбата и кај агенциите и регулаторните тела, па така на пример Регулаторната комисија за домување, Секретаријатот за законодавство, Инспекцискиот совет, Инспекторатот за употреба на јазиците имаат„нула“ реализација на капиталните расходи во анализираниот двомесечен период. Кај Народниот правобранител пак се забележува реализација на капиталните расходи од скоро 34%.

Дел од економистите велат дека првите два месеци не се очекуваат позначајни стапки на оставрување на капиталните инестиции поради тоа што позначајните “инвестициски зафати“ се ограничени поради зимскиот период, но посочуваат дека периодот што следува ќе покаже дали се работи за “времен фактор“ или состоба на апстиненција поради кризата.

Извор: „Порталб