Анализа: Граѓаните имаат право да знаат како општините ги трошат парите

Не само граѓаните од општините со доминатно македонско население, туку и жителите од општините со доминатно албанско население немаа целосен увид за тоа како локалните власти ги трошат нивните пари. Само 23,7% од општините редовно ги објавуваат кварталните извештаи за полнење и празнење на општинските буџети. Нетранспарентноста во трошењето на парите на граѓаните е надополнета и со недостаток на Завршната сметка и Годишниот извештај за трошењето на буџетските пари. Во состојба кога Владата ја промовира Македонија како една од земјите интерент – лидери на Балканот, и има ресорно министерството за информатичко општество, дел од општините немаат функционална интерент страна, што е уште еден погазател кој упатува на нетранспарентност во работата на локалните власти, пишува Порталб.

Како општините ги трошат парите?

Алармантни се сознанијата што ги обелодени најновото истражување за буџетската транспарентност на локално ниво, што го спроведе Центарот за економски анализи. Предлог буџетот за годинава, како значен документ за граѓаните, бил достапен само на вев страните на 9 општини, или само кај 11 проценти од вкупниот број на општини. Кај 33 општини е добиен на барање, а кај останатите 38 општини не бил воопшто достапен или не бил добиен.

Во скопскиот регион, на пример општина Арачаиново, Кисела Вода, Сарај, Чучер Сандево, Чаир, овозможуваат достапност на докумените поврзани со трошењето на народните пари само на “барање“. Општина Студеничани, според истражувањето на ЦЕА, не ги објавува ( или воопшто не постојат ) документите: Предлог-буџет, квартални извештаи, Завршна сметка, Годишен извештај за Буџетот. И на ниво на земјава, состојбата не е значајно подобра. Општина Дебар, Пласница, Чешиново Облешево, Брвеница, објавуваат документи за тршењето на парите на граѓаните само на барање.

Еден од клучните документи, кои не се објавуваат а се значајни за увид на јавноста се кварталните извештаи за тоа како се трошеле парите на граѓаните.

„Општините ретко ги објавуваат кварталните извештаи за извршување на буџетот, имено за последната година само 19 општини редовно ги објавуваат кварталните извештаи за извршување на буџетот на посебно место на веб станицата или како дел од службените гласници на општините, додека за 48 општините кварталните извештаи се добиени по пат на барање, а за 13 општини истите не се достапни“, посочуваат од Центарот за економски анализи.

Проблемтични се и документите Завршна сметка и Годишен извештај.

„Завршна сметка и Годишниот извештај за 2014 година биле достапна на веб страните кај околу половина од општините, и најчесто се добиваат по пат на барање и тоа кај 29 општини по пат на барање е добиена завршната сметка, а кај 39 општини по пат на барање“, се вели во анализата на ЦЕА, пишува Порталб.

„Овие податоци, заедно со претходните истражувања за транспарентноста на централно ниво, покажуваат дека Македонија сеуште има проблеми со буџетската транспарентност. Доплнително, на централно ниво ние сме сведоци дека неколку години Буџетот се носи во отсуства на собраниска дебата, што дополнително ја влошува позицијата на Македонија, кога зборуваме за буџетската транспарентност“ велат експертите.

Во ерата на интернет експанзија и во состојба кога во бриселските извештаи Македонија е фалена како лидер во овој сектор, дел од локалните самоуправи сеуште немаат функционални интренет страни преку кои граѓаните можат да се информираат.

„Постојат општини кои се уште немаат функционални официјални веб страници, општини кои имаат веб страници само на албански јазик, веб страници без ажурирани информации, страници кои воопшто немаат документи поврзани со буџетот“, посочуваат од ЦЕА.

(Не)транспарентност и на централниот Буџет ?

Не само на локално, нетранспарентноста е проблем и на централно ниво, на што упати и неодамнешниот извештај на Државниот ревизор посветен на извршената ревизија на Основниот Буџет за 2014 година. Парите потребни за финансирање на старатешките приоритети потребно е да се предвидат со Фискалната стратегија, која треба да биде усвоена и донесена од Владата најдоцна до 31 ви мај, во тековната година, но според ревизорот овие законски рокови не се почитувани, пишува Порталб.

„Министерството за финансии, Предлог фискалната стартегија за периодот 2014-2016 година до Владата ја има доставено на ден 19.09.2013 та, со задоцнување од четири месеци“, посочува ревизијата која потоа вели дека износите на одобрените средства биле утврдени со „Буџетскитот циркулар”.

Серија на забелешки упатува ревизијата на адреса на дел од буџетските корисници кои се обврзани во одредени рокови да достават стартешки план, план за јавни набавки, план за пополнети работни места, и потребниот Буџетски циркулар кој содржи податоци за одредените и планираните средства за трошење.

„Дел од буџетските корисници немаат доставено тригодишни стратешки планови кои се основа за подготвување на Буџетот. Планот за систематизирани и пополнети места како и планот за јавни набавки, не се дставени од страна на дел од буџетските корисници“, наведува ревизорот.

Тој што ги троши парите, мора да каже каде и како …

Грѓаните имаат право да знаат како се трошат нивните пари, а властите, без разлика дали се на локално или на централно ниво, имаат обврска да даадат отчетност, бидејќи во отсуство на целосни информации се остава простор за манипулации и злоупотреби, велат економистите.

Центарот за економски анализи предлага пакет-решенија што можат да ја зголемат тарнспарентноста, пишува Порталб.

„Општините да се обврзат целосно и навремено да ги објавуваат Предлог буџетот, Буџетот, Завршната сметка и периодичните извештаи за извршување на буџетот како и целосно и детално објавување на документите и на редовните извештаи за извршување на буџетот“, посочуваат од ЦЕА“.

Наскоро треба да е објави ново истражување кое ќе покаже каде е Македонија според транспарентноста во однос на земјите од регионот и од светот. Последното истаржување на ЦЕА покажа дека земјава е во групата на оние што обебзедуваат минимални информации за тршењето на парите.