Американската стопанска комора нуди пракса за студенти од семејства со ниски примања

Американската стопанска комора во Македонија (AmCham) во соработка со своите компании-членки распишува конкурс за практикантски ангажман наменет за студенти кои доаѓаат од семејства со ниски примања.

Програмата на AmCham „Отвори врата“ има за цел да ги поттикне компаниите членки да
создадат услови за практикантска работа за студенти кои потекнуваат од домаќинства со ниски
примања. Во 2015 година, компаниите членки на Амчам Македонија нудат над 35 вакви практикантски
ангажмани.

Повикот се однесува на студентите од сите технички факултети, како и од: Економскиот, Правниот, Филозофскиот и Филолошкиот факултет. Практикантските ангажмани ќе се спроведуваат во текот на годината.

Сите заинтересирани студенти треба да ги достават следниве документи:

– Целосно пополнета апликација

– копија од потврдата издадена од Министерството за образование и наука дека сте добитник на
стипендија за студент од социјалните категории за 2015 година.

Документите се испраќаат на: Американска стопанска комора во Македонија, Иво Лола Рибар 59А-1/15,
1000 Скопје, Македонија или на електронската адреса info@amcham.com.mk.

Крајниот рок за аплицирање е 17 април 2015 година (петок) до 17:00 часот. За испраќање на документи по пошта, кандидатите мора да го запазат крајниот рок.

AmCham не гарантира практикантски ангажман на ниту еден од пријавените кандидати.
АмЧам Македонија ги застапува интересите на преку 100 најуспешни македонски и интернационални
компании. Нејзината мисија е да биде гласноговорник на меѓународните бизниси во Македонија,
промовирајќи ја глобалната конкурентност на американската економија преку разни активности и настани, како и преку имплементирање на најдобрите практики.