„Алтернативна Струмица“ – место за секој уметник и артист од 18 до 20 декември  

Во „Sub Club“ во Струмица од 18 до 20 декември ќе се одржува „Алтернативна Струмица“, дел од манифестацијата „Млади Европејци 2018“.

Проектот нуди три денови во кои ќе се одржат свирки, изложби и говори, со цел да се промовира алтернативната сцена и нејзините субкултури да станат дел од урбаното опкружување во општина Струмица.

Во вторник (18 декември) од 20 часот е закажана изложбата на фотографии од Столе Ангелов и Иван Каратанов заедно со илустрации од Внуг Жиле. Исто така, ќе се одржат и од Миле Ризов и Томе Узунов на тема суб-култура и алтернативна Струмица. За крај на вечерта се најавени настапи на Дактили, Милан Атастасов и Никола Полинчев.

За среда (19 декември) од 21 часот присутните ќе слушаат музика од џез квартетот „Шикачи ансанбл“ од Штип, додека за петок (20 декември) од 21 часот ќе има концерт на составот „Културни Уметнички Работници“.

Според организаторите на настанот, преку зголемувањето на културната понуда и запознавањето на граѓаните со алтернативни области ќе им се остави простор да осознаат богат избор субкултура, а од друга страна ќе се стави акцент на културата како правец да добие третман којшто го заслужува.

„Преку овој проект ќе се донесе заклучок дека градот Струмица знае да ја цени и почитува оваа уметност и со тоа ќе инспирира разноликост во културната сфера. Како град кој што тежнее да ги следи модерните текови,овој настан совршено ќе се вклопи во урбаната слика и ќе прерасне во традиција, која што постојано ќе се надограува и поширува“, стои во најавата за тридневниот проект.

Овој поект, велат организаторите, заедно со сите пропратни активности нема за цел само да пренесе визуелна порака до граѓаните на општина Струмица, но и преку серија на обуки и работилници да ѓи поттикне, пред се’ младите да ги развијат своите вештини. Исто така, да ги зголемат своите културни капацитети, но и да се слушнат успешни стории на познати македонски етикети и артисти кои прераснале во алтернатива во однос на монотоното културно секојдневие.