Алтер Его

Алтер Его

Алтер Его е емисија предводена од Филип Поповски и во неа тој го прикажува своето алтер его, но угостува и алтернативни артисти и бендови. Емисијата се емитува еднаш во две недели, односно секој втор петок во 19:00

 

ЕПИЗОДА 6

Шестата епизода на Алтер Его е снимана од домашни услови, Фичо ви сервира македоснки песни за уживање.

 

ЕПИЗОДА 5

Во радиото ги имавме Круел, алтернативен рок бенд формиран во 1996 год во Скопје. Бендот активно настапува до 2002 год. По пауза, повторно се обединува и креира музика.

 

ЕПИЗОДА 4

На округлата маса во радио седнаа Фичо и Давид за последен пат во Алтер Его оваа година. Преслушајте за што зборуваа, се гледаме во 2020.

 

ЕПИЗОДА 3

Петочно дружење пред искачање со Фичо. Како и секогаш слушаме квалитетна алтернативна македоснка музика и дознаваме за најновите случувања во Скопје. Не ја пропуштајте најновата трета епизода на Алтер Его. Закачи се!!

 

ЕПИЗОДА 2

Втората епизода на Алтер Его пристигна!! Слушавме диско фанк и алтернативна музика, а секако и дознавме за најновите евенти во Скопје. Не пропуштајте!!

 

ЕПИЗОДА 1

Фичо и Алтер Его се враќаат со првата епизода од втората сезона на Радио МОФ. Како и секогаш слушаме квалитетна македонска и помало странска музика преку која се запознаваме со алтернативната сцена. Не пропуштајте и стиснете плеј!!