Акуа Нару повторно ќе настапува во Скопје

Акуа Нару, една од најмоќните хип хоп уметници, на 29 септември од 21 часот се враќа во Скопје со свој соло концерт, како дел од турнејата „The Black magnificent 2022“.

„Исклучителната енергија со која го маѓепса Скопје, беше ветување дека ќе и се врати повторно на својата публика, со која создаде концерт за кој сеуште се прераскажува. Омилената хип хоп фигура АКУА НАРУ пристигнува со многу нова музика, која нејзините македонски обожаватели ќе ја слушнат на 29 септември во МКЦ“, се вели во најавата на МКЦ.

Акуа ќе го претстави својот најнов албум „The Black magnificent“ кој треба да излезе оваа пролет. Проектот е во соработка со дуото The Ruff Pack од Бруклин.

Билетите за овој концерт се продаваат онлајн на bileti.mkc.mk и на билетарата на МКЦ по цена од 600 денари.