Активисти за легализација на марихуаната запалија џоинт пред Белата куќа

Стотици демонстранти се собраа викендот пред Белата куќа за да испушат џоинт, повикувајќи ја американската влада да ја легализира марихуаната. Демонстрантите носеа огромен гумен џоинт и го запалија во саботата, во точно 4:20 часот, барајќи од претседателот Барак Обама да го повлече канабисот од листата на контролирани супстанции, во која се наоѓаат и потешки дроги како хероин.

Активист рече дека илјадници луѓе кои се уапсени за поседување дроги треба да бидат помилувани.

„Она што сакаме денеска е Обама, со еден потпис, со извршна наредба да ја легализира марихуаната, а потоа, сакаме да им се прости на оние кои биле уапсени за марихуана и сакаме 50 држави да ја признаат нејзината употреба во медицина“, изјави активистот за Ruptly.

Пушење марихуана во јавност се уште е нелегална во Вашингтон, но поседување до 56 грами е легално. Во Калифорнија, пак, е дозволено да се користи марихуаната за медицински цели.